3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„PlayStation 5“ се продава речиси три пати подобро од „Xbox“

„PlayStation 5“ се продава речиси три пати подобро од „Xbox“

Аналитичарите на „Ampere Analysis“ проценуваат дека конзолата „Sony PlayStation 5“ ги надминала продадените конзоли „Xbox Series X/S“ за речиси три спрема еден во оваа година.

„Sony“ имаше и сè уште има големи надежи за својата „PS5“ конзола. Компанијата се надева дека ќе испорача 25 милиони конзоли оваа година и на крајот ќе ја надмине продажбата на „PS4“ од 117,4 милиони единици.

Податоците покажуваат дека е речиси на половина пат, бидејќи неодамна беше објавено дека компанијата продаде над 50 милиони „PS5“ конзоли.

Од друга страна, „Microsoft“ повторно е во неволја кога станува збор за освојување на пазарот. Проценките на аналитичката компанија „Ampere Analysis“ покажуваат дека „Microsoft“ ќе продаде 7,6 милиони „Xbox Series X/S“ конзоли во текот на 2023-та година, во споредба со силните 22,5 милиони продадени конзоли „PlayStation 5“.

Бројките покажуваат дека „PlayStation“ го надмина „Xbox“ оваа година за речиси три спрема еден, при што продажбата на уредите „PS5“ е зголемена за речиси 65% од година во година.

Треба да се напомене дека се работи за проценки, а не за потврдени продажби. Директна и точна споредба не е можна, бидејќи „Microsoft“ во своите извештаи не ја наведува точната продажба на серијата „Xbox“.

Сепак, компанијата случајно го откри пазарниот удел на конзолите „Xbox Gen9“ на неодамнешниот „BIG“ фестивал во Бразил, а слајдот покажува дека од јули 2023-та година, се продадени повеќе од 21 милион „Xbox Series X/S“ конзоли.

За споредба, „Sony“ испорача 38,4 милиони „PlayStation 5“ конзоли во истиот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП