4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио и Јуве во битка за Бентеке

Лацио и Јуве во битка за Бентеке

Aston Villa v West Ham United - Premier League

Италијанските гиганти Лацио и Јувентус се главните кандидати за потписот на белгискиот напаѓач во редовите на Астон Вила, Кристијан Бентеке, тврдат медиумите во Англија.

Според прелиминарните информации, тимот од Бирмингем ќе се раздели со својот прв голгетер за сума од околу 30 милиони фунти. Бентеке сакаше да го напушти клубот уште минатото лето, но доби договор со подобрени финансиски услови и потпиша за нови четири години.

Тој сепак се договорил со раководството на Бирмингем да замине доколку за него пристигне некоја соодветна понуда, а такви се очекуваат од Лацио и Јувентус.

„Старата дама“ не успеа во обидот да го доведе во текот на летото, додека Фернандо Лјоренте не го пронајде своето место во составот на италијанскиот шампион.

Бентеке , постигна четири гола во новата сезона, но сега ја лекува повредата и нема да игра за Белгија против Велс. Тој ќе се врати на теренот во недела за натпреварот на Астон Вила против Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП