1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТесла Cybertruck за деца? И тоа има (ФОТО)

Тесла Cybertruck за деца? И тоа има (ФОТО)

Погонот го обезбедува електричен мотор од 500 вати (0,7 КС), кој ги придвижува задните тркала.

По долго одложување, Тесла конечно го лансираше електричниот пикап Cybertruck. Сепак, цените на овој модел се зголемени и до 30.000 долари во однос на најавените пред четири години. Овој скок на цената нема да ги израдува потенцијалните купувачи кои го резервираа својот примерок, но Тесла од друга страна ги израдува децата со поевтина верзија.

Cybertruck за најмладите чини 1.500 долари и има дизајн кој го имитира изгледот на неговиот „постар брат“. Како резултат на тоа, има остри рабови, што не е многу погодно за безбедноста на децата, како и функционални предни и задни светла.

Двоседот е дизајниран за деца на возраст од 6 до 12 години, а максималната носивост е 68 kg.

Погонот го обезбедува електричен мотор од 500 вати (0,7 КС), кој ги придвижува задните тркала. Тоа не е многу, но доволно е да се дозволи максимална брзина до 16 km/h.

Ако тоа е пребрзо, родителите секогаш можат да ја ограничат максималната брзина на 8 km/h. Електричниот мотор се напојува со литиум-јонска батерија, која ветува солидна автономија до 19 километри.

Cybertruck за деца има и електрични сопирачки, рикверц и гумени тркала. Тежината на празното возило е 72 kg, а должината е 1.676 mm.

Може да се нарача само во САД, но моментално нема залиха. Дури и оние кои се доволно среќни да можат да нарачаат еден од овие минијатурни камиони за своите деца, најверојатно нема да го добијат дури после Божиќ, бидејќи производителот посочи дека испораките ќе започнат кон крајот на декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП