13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити ќе го проширува Etihad

Сити ќе го проширува Etihad

stadion eithad

Раководството на Манчестер Сити ги откри планови за проширување на стадионот на „граѓаните“ – „Etihad Stadium“ и зголемување на неговиот капацитет од 48.000 до речиси 61.000 седишта.

Според архитектонското решение на трибините зад двата гола на стадионот треба да биде издигнат трет кат, кој ќе овозможи дополнителни 13.000 гледачи да ги следат натпреварите на тимот на Мануел Пелегрини.

Се очекува проектот да биде завршен до почетокот на сезоната 2015 / 16, а повеќе од половина од новите места – 6750, ќе бидат вклучени во бројката на сезонските билети и навивачите на „граѓаните“ ќе можат да аплицираат за нив веќе од следната недела.

„Etihad Stadium“ е домот на Манчестер Сити од 2003-та година, кога му беше даден на клубот од општината Манчестер по неговата изградба за „Игрите на добра волја“, кои се одржаа во градот во 2002-та година. Капацитетот на објектот тогаш беше 38.000 луѓе, но набргу беше проширен за да ги собере бројните почитувачи на Манчестер Сити.

Ако проектот на шефовите на Манчестер Сити доби одобрување од сите потребни органи, изградбата на третиот кат зад двата гола може да стартува уште во февруари следната година. По завршувањето на изградбата „граѓаните“ ќе имаат втор по големина стадион во Премиерлигата по овој на градскиот ривал Манчестер Јунајтед. „Old Trafford“ располага со 75.811 седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП