2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple M3 MacBook Air“ може да биде објавен во март 2024-та

„Apple M3 MacBook Air“ може да биде објавен во март 2024-та

Компанијата „Apple“ планира да ја обнови својата хардверска линија наводно веќе во март 2024-та година, а меѓу новитетите треба да се најде и следната генерација на „iPad Pro“ и „iPad Air“ уреди, заедно со новиот лаптоп компјутер „M3 MacBook Air“.

Ова го тврди познатиот новинар кој ја следи сцената на „Apple“ и „Android“, Марк Гурман и додава дека ќе треба уште некое време да ги почекаме „Mac Studio“ и „Mac Pro“ уредите со новиот „M3“ чипсет, бидејќи можеби нема да дојдат пред 2025-та година.

Со лансирањето на новите „iPad“ уреди, „Apple“ планира да направи јасна разлика помеѓу моделите за да го направи изборот помалку збунувачки за потрошувачите, пишува Гурман. Тој очекува дека „iPad Pro“ ќе добие нов M3 чип, OLED екран и ќе биде достапен во два различни формати, дијагонални должини: 11 и 13 инчи. Се очекува и „Apple“ да претстави нова „Magic Keyboard“ само за моделот „Pro“.

Од друга страна, новиот уред „iPad Air“ би требало да пристигне во верзија со дијагонала на екранот од 10,9 инчи, како и нова опција од 12,9 инчи, патем со користење на чипот M2. Овие промени имаат за цел да направат разлика помеѓу „iPad“ од високата класа, средната класа и стандардните, за луѓето полесно да одлучат кој најмногу им одговара.

Кога станува збор за „M3 MacBook Air“, Гурман пишува дека најверојатно ќе доаѓа во стандардни големини на екран од 13 и 15 инчи. По неговото објавување, кое најверојатно ќе биде во март, „Apple“ може да го повлече својот модел „M1 MacBook Air“ од 2020-та година.

Ова исто така значи дека моделите на „Mac Studio“ и „Mac Pro“ од високата класа очигледно ќе бидат последните кои ќе добијат надградба на најновата линија на чипови M3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП