3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Meta“ воведува ново шифрирање на „Messenger“: „Ни ние нема да знаеме што...

„Meta“ воведува ново шифрирање на „Messenger“: „Ни ние нема да знаеме што е испратено“

„Meta “ соопшти дека ќе воведе стандардно шифрирање за лични повици и пораки преку апликацијата „Messenger“ за „никој, вклучително и „Meta“, да не може да види што се испраќа или кажува“.

Тоа е големо ажурирање на условите за приватност кои потсетуваат на другата апликација на „Meta“, „WhatsApp“, пренесува „CNBC“.

Шефот на „Messenger“, Лоредана Крисан, во придружната објава на блогот на компанијата додаде дека ќе биде потребно неодредено време за шифрирање на сите разговори.

Во 2016-та година, корисниците добија можност да изберат дали сакаат да ги заштитат своите комуникации преку таканареченото шифрирање од крај до крај, а сега тоа ќе биде стандардна опција.

Оваа промена со објава на социјалната мрежа „Facebook“ ја потврди и извршниот директор на „Meta“, Марк Цукерберг и по тој повод му честиташе на тимот за добро завршената работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП