17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTeр Штеген ќе го замени Валдес

Teр Штеген ќе го замени Валдес

ter stegen

Шпанскиот шампион, Барселона, се договорил со голманот на Борусија Менхенгладбах, Марк – Андре тер Штеген, кој ќе биде замена на Виктор Валдес.

Во трансфер договорот на 21-годишниот германски репрезентативец е предвидена сумата од 8 милиони евра плус 2 милиони евра од бонуси.

Раководството на каталонскиот клуб се обиде да го намали износот со што ги зголеми бонусите во случај Тер Штеген добро да се вклопи во тимот.

Тер Штеген треба да го замени Валдес, кој ја игра последната сезона. Шпанците се интересираа за Германецот уште пролетта, но се откажаа да го доведат, откако Валдес најави дека ќе го исполни договорот до крај. Тој својата намера ја потврди во едно интервју.

„Поминаа 10 години и јас сум среќен што ги освоив сите овие трофеи, но авантурата во Барселона завршува оваа сезона”, рече тој.

Тој не ја исклучи и опцијата да замине во редовите на Монако.

„Монако е добра можност, но сето тоа зависи од мојот агент. На професионален план Лига 1 ме привлекува”, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП