7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТрејлерот за GTA 6 изгледа БРУТАЛНО!(ВИДЕО)

Трејлерот за GTA 6 изгледа БРУТАЛНО!(ВИДЕО)

Rockstar потврди во средината на ноември дека доаѓа голема најава за GTA 6 на 5 декември. Сепак, бидејќи трејлерот беше обелоденет, Rockstar одлучи да го објави официјалниот трејлер порано.

Прво и основно, во трејлерот научивме нешто што најмногу ги интересира фановите – кога ќе излезе играта. За жал, GTA 6 не излегува до 2025 година, но не знаеме точно кога – можеби во јануари, можеби во декември, што значи дека потенцијално ќе треба да почекаме уште две години.

Играта изгледа прекрасно, но изгледа и дека ќе ни треба многу моќна машина за да ја покренеме. Архитектурата на градот, плажите и општиот визуелен стил е инспирирана од Мајами, што дополнително го откриваат алигаторите кои лежерно шетаат по улиците на градот. Кратките сцени во трејлерот навестуваат дека играта е сместена во саканиот Vice City, кој конечно се враќа по 15 години, по Grand Theft Auto: Vice City Stories.

Трејлерот нè запознава со Џејсон и Лусија, главното дуо кое ја зрачи класичната динамика „Бони и Клајд“. Лусија ќе биде и првата жена протагонист во историјата на серијата GTA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП