27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Roche“ влегува во трката за милијарди - пазарот на лекови за слабеење

„Roche“ влегува во трката за милијарди – пазарот на лекови за слабеење

Швајцарскиот производител на лекови „Roche“ го купува производителот на лекови за дебелина „Carmot Therapeutics“ за 2,7 милијарди долари, приклучувајќи се на листата на светски играчи кои се обидуваат да ги предизвикаат доминантните производители на лекови за губење на тежината „Novo Nordisk“ и „Eli Lilly“.

Најперспективниот кандидат за лиценца на американската компанија, инјекцијата еднаш неделно наречена „CT-388“, припаѓа на класата позната како двоен агонист на рецепторот „GLP-1/GIP“, ист како „Lilly’s Mounjaro“ или „Zepbound“.

По охрабрувачките резултати од испитувањето во фаза I, лекот е подготвен да се тестира на луѓе во втората од трите фази, откри „Roche“.

Теренскиот пионер „Novo“ веќе е на пазарот со лекот за дебелина „Wegovy“, единечен агонист на рецепторот на цревниот хормон „GLP-1“, и се бори да го зголеми производството во услови на силна побарувачка. Според аналитичарите, овој пазар може да достигне и до 100 милијарди долари годишни приходи.

Акциите на „Roche“ се отворија за 1,75%, достигнувајќи го највисокото ниво во последните шест недели поради оптимизмот дека пазарот на лекови за дебелина може да прими голема конкуренција.

„Конкуренцијата на брзорастечките пазари за лекови за дебелина и дијабетес треба да се интензивира. Пазарите се доволно големи, особено кога лековите се нудат по вистинската цена“, коментираат аналитичарите во „Zuercher Kantonalbank“.

Во својата изјава, „Roche“ рече дека „CT-388“ може да стане најдобар третман во класата за дебелината и нејзините коморбидитети.

Меѓу неодамнешните договори за стекнување проекти за развој на лекови за дебелина, се издвојува минатомесечниот договор во кој „AstraZeneca“ плати 2 милијарди долари за правата на експериментална пилула од кинеската „Eccogene“.

Новиот извршен директор на „Roche“, Томас Шинекер, турка високо темпо на склучување договори откако го презеде кормилото во март за да го оживее „нафтоводот“ за развој на лекови што минатата година стана жртва на големи неуспеси во доцните стадиуми на имунотерапија на Алцхајмерова болест и рак.

Во октомври, „Roche“ се согласи да плати 7,1 милијарди долари на „Roivant“ и „Pfizer“ за правата на нов лек за воспалителна болест на цревата, бидејќи компанијата се обидува да влезе во нови терапевтски области за да го надомести падот на продажбата на онкологија.

Покрај почетната куповна цена од 2,7 милијарди долари, сопствениците на „Carmot“ ќе добијат исплати до 400 милиони долари доколку се исполнат одредени пресвртници, рече швајцарскиот производител на лекови.

„Carmot“ беше ко-основан од долгогодишниот извршен директор Стиг Хансен во 2008-ма година. Задржувајќи го своето место во одборот, Хансен оваа година стана извршен директор на „Kimia Therapeutics“, компанија отцепена од „Carmot“ за да се фокусира на ново откривање лекови за метаболички болести.

Тековното портфолио на „Carmot“ вклучува цревни хормонски лекови од клиничка фаза во таблети и форма на инјектирање, насочени кон лекување на дебелината кај пациенти со и без дијабетес, како и голем број на програми кои сè уште не се тестирани кај луѓе, откри Roche понатаму.

Вработените во „Carmot“ ќе се приклучат на фармацевтскиот оддел на „Roche“ кога договорот официјално ќе се затвори, што се очекува да биде во првиот квартал на 2024-та година.

„Roche“ ќе добие пристап до актуелното портфолио за истражување и развој на „Carmot“, вклучувајќи ги сите клинички и претклинички средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП