4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПродажбата на компјутери се очекува да порасне во 2024-та, а еве што...

Продажбата на компјутери се очекува да порасне во 2024-та, а еве што ќе ја подобри

Аналитичката компанија „Canalys“ објави дека глобалните испораки на компјутерски уреди ќе достигнат 267 милиони единици испорачани во текот на 2024-та година.

Според аналитичката компанија „Canalys“, испораката на персонални компјутери ќе доживее заживување во текот на следната година, а на тоа најмногу ќе влијае бранот „AI PC“ кој ќе започне веќе во јануари 2024-та година и нема да запре до крајот на годината.

Компјутерската индустрија цветаше за време на пандемијата на коронавирусот, кога без проблеми се продаваа готови компјутерски системи, но кога здравствената состојба во светот се смири, во текот на 2022-ра и 2023-та година беше забележан пад на испораките на компјутери.

Во моментов, целиот пазар на компјутери не е во најдобра форма, но се очекува уредите за персонални компјутери со вештачка интелигенција да ја подобрат продажбата на персонални компјутери за 8% во текот на следната година, на вкупно 267 милиони уреди.

„Влијанието на вештачката интелигенција врз индустријата за персонални компјутери ќе биде значајно, а водечките добавувачи на делови, производителите на процесори и оперативни системи ќе се фокусираат на испорака на нови модели на вештачка интелигенција во 2024-та година. Овие иницијативи ќе ја зголемат побарувачката за компјутерски уреди што може да се ажурираат, особено во бизнис сегмент“, велат од „Canalys“.

Се очекува вкупниот удел во испораката на компјутерски уреди со способност за вештачка интелигенција да изнесува околу 19% во текот на 2024-та година. Ова ги вклучува и „Mac“-овите од серијата „M“, како и новите производи од екосистемот „Windows“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП