6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите се интересираат за напаѓачот на Барса

Ѓаволите се интересираат за напаѓачот на Барса

sancez

Манчестер Јунајтед ќе се обиде во јануари да го доведе Алексис Санчез, затоа што Чилеанецот е на врвот на листата на желби на Дејвид Мојс.

Тренерот на Јунајтед во моментов не е задоволен од формата на своите крилни играчи, па поради тоа тој сака да ја засили конкуренцијата во тој дел на теренот.

Нани, Јанг и Валенсија се во лоша форма, па не би требало да биде изненадување ако Мојс се одлучи да продаде некој од нив, со што ќе си обезбеди дополнителни средства за трошење во јануарскиот преоден рок.

Според британските медиуми, Санчез би можел да чини 22 милиони фунти, а со неговата способност да постигнува голови и да асистира, секако добро ќе дојде во Јунајтед, кој лошо стартуваше на почетокот на новата сезона.

Алексис Санчез докажа во каква форма се наоѓа, тој викендов постигна два гола за репрезентацијата на Чиле.

„Црвените ѓаволите“ во Премиерлигата по седум одиграни натпревари имаат десет бодови и се наоѓаат на деветото место.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП