ТЕХНОЛОГИЈА

Европа добива летечко такси! Компанијата Лилиум доби одобрение од ЕУ

Германската компанија Лилиум денеска објави дека добила одобрение од ЕУ за дизајн и работа на своите летечки такси.

Како што пренесува CNBC, Лилиум добил одобрение од Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија, лиценца што ѝ овозможува на компанијата да дизајнира и произведува свои летечки такси наместо да се раководи со договорените упатства на ЕУ.

Ова одобрение е всушност лиценца за работа за Лилиум, изјави главниот технолошки директор на компанијата Алистер Мекинтош. Одлуката е клучна пресвртница за целата индустрија, која долги години работи на тоа летечките такси и слични превозни средства да бидат подготвени за комерцијална употреба.

Возилата на Лилиум првенствено се наменети за домашни патувања на долги релации, а не за летови меѓу земји.

Авионот Лилиум користи повеќе мали пропелери управувани од електрични мотори за да обезбеди полетување и слетување, како и потисна сила за време на фазата на летот.

Компанијата од Германија сака да започне комерцијални летови до 2025 година.