2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на турнир од светската премиер-лига во Португалија

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на турнир од светската премиер-лига во Португалија

Последниот собир од серијата турнири на светската премиер карате-лига од денес до 26 ноември ќе се одржи во Матосинхос, Португалија, а на него ќе учествуваат и членови на карате клубот „Макпетрол“. Претставниците на најтрофејната македонска екипа ќе се натпреваруваат во дисциплината борби, во конкуренција со 990 спортисти од 70 земји. Тимот ќе го предводи тренерот и натпреварувач Петар Заборски.

Следните каратисти на „Макпетрол“ отпатуваа за Португалија: Петар Заборски (-75 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.) и Викторија Јовановска  (-61 кг.).

На првиот турнир од светската премиер карате-лига годинава, што се одржа во Атина, Витомир Трајковски (-84 кг.) се закити со бронзен медал. Минатиот месец на турнирот во Ларнака Петар Заборски (-75 кг.), освои бронза, а Стефан Стојановиќ беше петтопласиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП