23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал во трка за Гундоган?

Реал во трка за Гундоган?

Ilkay-Gundogan1

Германскиот репрезентативец, Илкај Гундоган се уште го нема продолжено договорот со Борусија Дортмунд. Тој факт ги охрабрува сите клубови кои би сакале да го видат во своите редови.

Илкај Гундоган имаше импресивна сезона во Дортмуд и овој играч стана барана „стока“ на фудбалскиот пазар во Европа.

Во последните неколку месеци најчесто беше поврзуван со Арсенал и Манчестер Јунајтед, но според последните информации во шпанските медиуми, во трката се вклучува и славниот Реал.

Реал оваа сезона има многу проблеми во средниот ред. Нури Сахин е на позајмица токму во Дортмунд и „кралевите“ најверојатно во иднина нема да сметаат на него.

Кедира, кој беше еден од најстандардните фудбалери кај Мурињо, исто така не ги оправдува очекувањата на Анчелоти, па така и неговата иднина во Реал е под знак прашалник.

Гундоган според мислењето на стратегот на Реал, би ги решил сите проблеми во средниот ред на кралскиот клуб, а Перез веќе подготвил понуда „тешка“ 25 милиони евра.

Останува да видиме дали оваа сума ќе ја задоволи Борусија во јануарскиот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП