19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗапознајте го смарфонот Xperia C5303 HuaShan

Запознајте го смарфонот Xperia C5303 HuaShan

 

sony

Фотографијата се појави на сајтот „Talkandroid“, кој неофицијално дознава дека новиот уред на „Sony“ ќе поседува 1.7 GHz Qualcomm MSM8960T процесор, како и HD дисплеј, а ќе работи на „Android Jelly Bean 4.1.2“.

Што се однесува до дизајнот, сличен е како кај моделот „Xperia Z“ и „ZL“ кој вклучува циркуларно метално копче кое се наоѓа странично и служи за палење и гасење на уредот.

Самото куќиште на телефонот изгледа доста грубо, кое би можело да претставува индикатор за отпорност на вода и прашина.

„Sony“ не открива никакви детали во врска со овој уред, но неговото претставување се очекува на „Светскиот мобилен конгрес“, кон крајот на февруари, во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП