3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google Maps“ направи промена која не им се допаѓа на корисниците

„Google Maps“ направи промена која не им се допаѓа на корисниците

Мнозинството корисници на „Google Maps“ се против промените кои се имплементирани и сакаат да се вратат во претходната состојба.

„Google Maps“ сега ја прикажува својата нова палета на бои на повеќе корисници, а корисниците се прилично вознемирени. Иако ова не се драстични промени, новите бои на „Google Maps“ ги изненадија корисниците и направија да се чувствуваат непријатно.

Има се повеќе објави на „Reddit“ и на платформата „X“ (порано „Twitter“) против новите избори на бои на „Google“.

Патиштата, кои некогаш беа обележани со бело, сега се сиви. Сината боја која ги означувала областите со вода сега е значително побледа, додека пошумените области се потемно зелени од порано. Индикаторот за маршрутата сега е многу посветол и несоодветно син.

„Не сум обожавател. Не ми се допаднаа дури и кога ги видов пред околу една недела. Не ми се лесни за читање. Би се вратил на старите бои ако можам“, вели еден корисник на „Reddit“.

Корисниците откриваат дека патиштата сега се потешко да се видат на „Google Maps“, ако не зумирате доволно.

Една од најголемите забелешки е тоа што новите бои ги отежнуваат деталите за гледање на мапата, бидејќи се измиени.

Не е познато зошто „Google“ одлучи да ги промени боите за „Maps“, но можеби коментарите на незадоволните корисници ќе ја принудат компанијата да се врати на претходните бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП