12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродолжува љубовта меѓу Милан и Адидас

Продолжува љубовта меѓу Милан и Адидас

ADRIANO GALLIANI, HERBERT HAINER, JEAN-MICHEL GRANIER

Италијанскиот прволигаш Милан и производителот на спортска опрема Адидас потпишаа договор според кој „росонерите“ ќе ја носат опремата на германскиот производител до 2023-та година.

Важечкиот договор меѓу Милан и Адидас е до 2017-та година, а тој отсега е продолжен за уште шест години.

„Задоволни сме што ја продолживме соработката со Адидас, па така ќе соработуваме вкупно 25 години, затоа што уште од 1998-та година делиме исти вредности, стратегии, желба за успех, иновативен дух и многу победи. Адидас во текот на сите овие години беше со нас“, вели потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.

„Милан ќе се зацврсне како светски бренд и среќен сум што ќе соработуваме и во наредните 10 години во кои ќе оствариме големи победи“, истакна Извршниот директор на Адидас, Херберт Хајнер.

Од двете страни нема соопштение за финансиските детали за договорот, сепак медимите во Италија велат дека „црвено-црните“ ќе добијат по 18 милиони евра по сезона. Оваа сума е за 5 милиони повеќе отколку од таа што Милан ја добиваше до овој момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП