Магдоносот спаѓа во зачински билки кои најчесто се користат при готвење, а покрај својата арома обезбедуваат бројни хранливи материи и корисни здравствени својства.
Само 30 грама свежо исецкан магдонос подмирува 108% од дневната потреба на организмот за витаминот А и 53% за витаминот Ц, а дури 547% за витаминот К (луѓето кои пијат лекови против коагулација треба да бидат свесни за количината на овој витамин во магдоносот, бидејќи витаминот К може да ја намали ефикасноста на антикоагулансите). Освен овие три витамини, магдоносот претставува добар извор на фолна киселина, железо и калиум.

