Компанијата NordPass го објави петтиот извештај за најчесто користените лозинки, со цел да ја подигне свеста на корисниците за безбедноста на податоците на Интернет.
Ова е најновата листа и тие ги наведоа 200-те најчести шифри што се користат на Интернет за различни сметки.
Можно е и филтрирање на лозинки по земја, но за жал Македонија не е на нивната листа. Податоците се добиени од јавно достапни извори, а беа анализирани вкупно околу 6,6 ТБ податоци.
Еве список на 10-те најчесто користени лозинки – ако вашата е меѓу нив, се надеваме дека ви е јасно дека треба да ја промените.
123456
admin
12345678
123456789
1234
12345
password
123
Aa123456
1234567890