8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМУ ОБЈАСНИ ШТО Е ПРИРОДАТА: Мечка нападна еколошки активист

МУ ОБЈАСНИ ШТО Е ПРИРОДАТА: Мечка нападна еколошки активист

Дива мечка нападна еколошки активист во Полска и му нанела бројни повреди, објавено е на веб-страницата на Шумското стопанство „Лутовиска“.

Полицијата потврди дека 56-годишната жртва има неколку исеченици и дека се наоѓа во болница, пишува РИА.

„Шумското стопанство „Лутовиска“ доби информација за опасен инцидент што се случил во близина на поранешното село Хулскоје. Мечката нападна маж во шумата, недалеку од дувлото кое го познававме и контролиравме, нанесувајќи му бројни повреди. Друг маж, кој учествувал во инцидентот, не бил повреден и повикал помош, благодарение на што жртвата завршила во болница“, се наведува во пораката.

Од Шумската служба посочуваат дека дувлото го открил шумар во јануари 2023 година, па во тој дел од шумата била прекината целата работа, а во октомври била поставена камера за следење.

Според Шумската служба, жртвата е активист на иницијативата „Диви Карпати“, кој им се обратил со барање да се направи заштитна зона околу дувлото на мечката.

Активистите на иницијативата „Диви Карпати“ знаеја дека е во тек постапката за поставување на заштитна зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП