10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКралевите го крадат Левандовски?

Кралевите го крадат Левандовски?

leva

Според мадридскиот весник „АС“, екипата на Реал Мадрид во јануари ќе се обиде да го привлече Роберт Левандовски. Напаѓачот на Борусија Дортмунд се смета за сигурно ново засилување на Баерн Минхен, каде што ќе премине како слободен играч на крајот на сезоната.

Шпанското издание тврди дека тренерот на баварците, Пеп Гвардиола се двоуми дали дa го доведе во своите редови Полјакот и тоа може да му овозможи на Реал да интервенира.

Карим Бензема не е убедлив во нападот на Реал и ако продолжи со лошата серија, од „Бернабеу“ може да се направи обид да го купат Левандовски кој минатата сезона постигна 39 гола во 56 натпревари за Борусија Дортмунд.

Предвид фактот дека договорот му истекува на крајот на јуни, трансферната сума ќе биде доста атрактивна, а германскиот клуб едвај би одбил да добие пари за фудбалер, за кого инаку нема да заработат ништо. Се очекува дека Борусија за 10 милиони евра ќе прифати да се раздели со фудбалерот веќе во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП