7 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИНа западот ништо ново!

На западот ништо ново!

ppppp

Оваа трговска недела ни донесува една очекувана корекција во нагорниот тренд на EUR/USD, а сите очи беа вперени на синоќешната конференција и приложувањето на извештајот на федералните резерви на САД за понатамошните чекори на оваа институција за американската економија.

При извештајот на ФЕД синоќа буквално ништо не се промена во споредба со претходните, стимулативната програма ќе продолжи да се одржува во умерено темпо, некои од податоците укажаа дека има благ напредок при пазарот на труд но стапката на невработеност останува покачена.

Домашната потрошувачка и фиксните бизнис инвестиции остануваат зголемени, но хипотекарните каматни стапки се зголемуваат при што фискалната политика го ограничува економскиот раст.

Валутниот пар EUR/USD е сеуште во зоната на нагорен тренд а оваа недела растот се смири и се случува една сосема нормална корекција и благ пад на цената. Цената на евроото во однос на доларот од понеделникот до денес се спушти од највисокиот отпор 1,3640 до моменталната психолошка граница 1,3500 и се очекува да пронајде добра поддршка од каде повторно би се зголемил обемот на куповни налози и продолжување на нагорниот тренд.

Со нова анализа ќе ве информираме во текот на овој ден.

hhhh

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП