Координаторот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција Handball Talks, со работен наслов “Ракомет, утре”, во организација на најпознатиот регионален портал, Балкан Хендбал со техничка поддршка на Ракометен клуб Нексе од Нашице, која ќе се одржи на 3 и 4 Ноември во Нашице.
Познати имиња од просторите на поранешна држава, ќе се соберат Нашице да развијат дискусија на најважните теми кои го направија овој спорт успешен и популарен изминатите години и децении.
Поканата од страна на организатортот за учество на конференцијата претставува огромна сатисфакција за овој млад проект, како што е Ракомет За Секое Дете, проект кој изминатите години создаде идентитет во сегментот на работа со деца од најмала возраст. но и обврска во најдобро светло да се претстави Македонија во регионални рамки.
Горан Ѓоргоноски, во улога на координатор на проектот, ќе биде учесник на од еден од десетте панели, со наслов “Нови генерации – нов пристап”. На панелот на кој ќе учествува Ѓоргоноски, ќе се дискутира за условите во кои работат младите генерации во Македонија, како да се подобрат истите, но и за предизвиците кои ги носи новото време, од аспект на нови генерации на деца кои тешко влегуваат во сала, а уште потешко се задржуваат. Кои се причините и решенијата.
Повеќе информации на Веб страната на организаторот на настанот Rukometni region na drugoj HANDBALL TALKS konferenciji u Našicama – Balkan-Handball.com