6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМета им нуди на корисниците во Европа претплата на Фејсбук и Инстаграм...

Мета им нуди на корисниците во Европа претплата на Фејсбук и Инстаграм без реклами!

Мета денеска објави дека на корисниците во Европа ќе им понуди месечна претплата за користење на Фејсбук и Инстаграм без реклами.

На овој начин Мета сака да ги почитува новите правила на Европската унија, пренесува Ројтерс.

Основната претплата ќе чини 9,99 евра, а корисниците на оперативните системи iOS и Android ќе треба да плаќаат 12,99 евра месечно.

Новите правила на ЕУ го загрозуваат главниот извор на приходи на Мета, кој се заснова на персонализирање на реклами за корисниците без нивна согласност.

Ирскиот комесар за приватност на податоците (DPC) ја казни Мета со 390 милиони евра оваа година и рече дека калифорниската компанија не може да користи таканаречен „договор“ како правна основа за испраќање реклами на корисниците врз основа на нивната онлајн активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП