26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го намали долгот за 200 милиони

Барса го намали долгот за 200 милиони

barcelona

Шпанскиот шампион Барселона ги има намалено долговите за 200 милиони евра во последните 4 години и тие сега изнесуваат 330 милиони евра .

„За четири години долговите се намалени за 200 милиони евра. Со ова темпо за уште четири или пет години, во целост ќе се справиме со долгот“, изјави потпретседателот на Барселона за економски операции, Хавиер Фауст.

Фауст очекува до крајот на годината долговите да бидат намалени до 250 милиони евра, а при неговото пристигнување во клубот тие изнесувале 440 милиони евра.

Веста за долговите на Барселона доаѓа само ден откако стана познато дека вечниот непријател Реал Мадрид има задолжување кон различни институции, фудбалери, менаџери и посредници од 541 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП