Лионел Меси втора година по ред е маркетиншки најпрофитабилниот спортист, покажува 14. годишна листа на „Спортс про“. Зад Меси е НБА ѕвездата Леброн Џејмс.
Меси стана само вториот спортист кој двапати ја предводи листата, која е поделена на три компоненти: сила на брендот, големина на пазарот и економичност.
Трета на листата е Алекс Морган, американска фудбалерка, а потоа следува уште една НБА ѕвезда, Јанис Адетокумбо, и колешката на Морган од репрезентацијата на САД, Меган Рапино.
Топ 10 ги заокружуваат Микаела Шифрин, Луис Хамилтон, Сајмон Бајлс, Килијан Мбапе и Макс Ферстапен.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, се наоѓа на 11. место на оваа листа. Зад него е шампионката на Ју-ес опен Коко Гоф, која со 19 години е најдобро рангирана тинејџерка.
Минатата година на првото место беше Кристијано Роналдо, но оваа година падна на 27. позиција.