8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДоктори: Вештачката интелигенција добива на значење во медицината, но бара етичка контрола

Доктори: Вештачката интелигенција добива на значење во медицината, но бара етичка контрола

Медицинските системи интегрирани со вештачката интелигенција (AI) можат да им ја олеснат и забрзаат работата на лекарите, но мора да се користат во согласност со етиката, изјави претседателот на Германското лекарско здружение, Клаус Рајнхард.

„AI има потенцијал да ја револуционизира грижата за пациентите“, изјави Рајнхарт за ДПА во четвртокот. Според него, тоа може да ја зголеми ефикасноста на здравствениот систем и да ги подобри медицинските истражувања.

И покрај еуфоријата околу техничките можности на вештачката интелигенција, лекарите не смеат да ги изгубат од вид етичките аспекти, како што се заштитата на приватноста и личните податоци на пациентите, додаде тој.

„Веќе денес вештачката интелигенција помага да се анализираат рендгенските зраци, магнетната резонанца и компјутерските скенови“, рече Рајнхарт на собранието на Комората. Системите за вештачка интелигенција често ги користат хирурзите за попрецизни и помалку инвазивни интервенции.

Вештачката интелигенција ќе добива се повеќе значење во многу други области на здравствената заштита: ќе помогне да се постави прецизна терапија и да се следи состојбата на пациентите дома со анализа на податоци во реално време.

За канцелариите и болниците, вештачката интелигенција ќе помогне во административната работа и ќе им остави на лекарите повеќе време за пациентите, продолжи Рајнхарт, додека можноста за обработка на огромни количини на податоци набрзина ќе го забрза истражувањето на новите лекови.

Сепак, „употребата на вештачка интелигенција бара внимателно разгледување, особено за заштитата на податоците, безбедноста и одговорноста. Алгоритмите зад автоматизираните системи за одлучување мора да бидат транспарентни и етички проверени“, рече Рајнхарт.

„Примената на современи системи за вештачка интелигенција не смее да го замени човечкото, индивидуалното и личното внимание. Мораме да поставиме јасни насоки за одговорна примена на технологијата“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП