5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПовеќе од половина од светот поседува паметен телефон

Повеќе од половина од светот поседува паметен телефон

Околу 4,3 милијарди луѓе или 55% од светската популација поседуваат паметен телефон.

Ова се податоците што ги објави Здружението „GSM“ во својот Извештај за мобилна интернет конекција за 2023-та година. Според нивните податоци, има 4,6 милијарди корисници на мобилен интернет, од кои 4 милијарди пристап до услуги преку паметни телефони.

Извештајот на „GSMA“ ја откри разликата помеѓу регионите и нивната достапност на мобилен интернет. Дури 69% од сопствениците на паметни телефони во Северна Америка, Источна Азија и Пацификот користат уреди способни за 4G, додека поголемиот дел од корисниците во субсахарска Африка сè уште се потпираат на 3G конекции – слично на Блискиот Исток и Северна Африка, каде што еден во три мобилни корисници сè уште користат 3G интернет.

Растот на користењето на мобилниот интернет не е изненадувачки, но околу 3,4 милијарди луѓе остануваат „надвор од мрежата“.

Според „GSMA“, глобалниот процент на луѓе кои живеат во области со мобилен интернет, но не го користат е 38%. Јазот во поврзувањето е впечатлив во субсахарска Африка и Јужна Азија, при што 59% и 52% од населението соодветно не користат интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП