2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ веќе не го поправа часовникот од 17.000 долари

„Apple“ веќе не го поправа часовникот од 17.000 долари

„Apple“ ја прекина поддршката за сите модели на „Apple Watch“ објавени пред 2015-та година.

Овие модели беа официјално прогласени за застарени на 30-ти септември и како резултат на тоа, тие повеќе нема да бидат прифатени за поправки или други услуги во продавниците на „Apple“ и овластените сервисни центри, објави веб-страницата „MacRumors“.

Она што е сепак интересно во целата оваа приказна е дека меѓу застарените модели е и првиот „Apple Watch Edition“ со куќиште од 18-каратно злато, кое во САД чинеше до 17.000 долари кога првпат излезе.

Златниот „Apple Watch“ е прекинат од 2016-та година и беше заменет со керамичкиот „Apple Watch Edition“, кој беше попристапен во однос на цената.

Другите верзии на првиот модел на „Apple Watch“, изработени од алуминиум и нерѓосувачки челик, вклучувајќи ги и моделите „Hermes“, повеќе нема да може да се поправаат во официјалните сервиси. Инаку, секој производ на „Apple“ се смета за технички застарен откако ќе поминат повеќе од седум години од крајот на официјалната дистрибуција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП