19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMилан го сака Рами од Валенсија

Mилан го сака Рами од Валенсија

adil rami

Италијанскиот гигант Милан е во потрага по нов централен дефанзивец. „Росонерите“ се претставија во доста незадоволително светло од почетокот на сезоната, а токму одбраната е најслабата алка во селекцијата на Масимилиано Алегри.

Поради овој факт, Адријано Галијани и останатите раководни лица во клубот веќе имаат составено листа на неколку играчи за оваа позиција. Прв на листата е дефанзивецот на Валенсија и францускиот национален тим Адил Рами. Снажниот дефанзивец е константен во тимот предводен од Мирослав Ѓукиќ, но финансиската криза кај „лилјаците“  може да го принуди да ги смени клупските бои.

Првичните информации се дека Милан ќе се обиде да го земе Рами на позајмица уште оваа зима, а на крајот од сезоната „росонерите“ ќе одвојат околу 10 милиони евра.

Други од зацртаните фудбалери се Давиде Астор од Калјари и Даниеле Д’Амброзио од Торино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП