30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРОВЕРОТ НА НАСА НАИДЕ НА ЃАВОЛСКА ПРАШИНА НА МАРС: Невидена глетка ги...

РОВЕРОТ НА НАСА НАИДЕ НА ЃАВОЛСКА ПРАШИНА НА МАРС: Невидена глетка ги изненади научниците, траеше 84 секунди(ВИДЕО)

Роверот на НАСА ја фатил таканаречената Ѓаволска прашина на Марс во траење од 84 секунди!

Снимката, сепак, не е ни приближно иста како и десетиците претходно снимени.

Роверот наречен „Perseverance“ на 30 август талкаше по правливата и пуста површина на Црвената планета и налета на необична сцена која ја снимија неговите камери. Бура која научниците ја нарекуваат Ѓаволска прашина татнела на блискиот гребен со брзина од околу 19 km/h. Ширината на вителот бил околу 60 m. На видеото се гледа само неговиот долен дел на височина од 118 m, иако претпоставката на научниците е дека бил уште повисок.

-Не можеме да го видиме врвот на Ѓаволската прашина, но сенката што ја фрла ни кажува колку високо можела да биде – рече Марк Лемон од Институтот за вселенски науки во Болдер.

Лемон, кој е член на научниот тим што го придружува роверот, проценува дека вителот бил висок околу два километри.

-Се работи главно за вертикални колони. Ако се земе предвид дека оваа ѓаволска прашина е така конфигурирана, тогаш нејзината сенка укажува дека била висока околу 2 километри – вели Лемон.

Тоа значи дека последниот регистриран вител на Марс бил повисок од американските торнада, чија висина е во просек помеѓу 500 и 1.500 метри.

Засега останува непознато зошто оваа Ѓаволска прашина била толку висока.

Постојат теории дека на Земјата вртлозите се ограничени со облаци, додека на Марс нема такви ограничувања. Некои претходни студии процениле дека илјадници од овие вртлози, различни по големина и сила, се формираат секојдневно на Марс.

Роверите на НАСА постојано бараат вртлози, па роверот „Perseverance“ го сними нивниот звук за прв пат во 2021 година. Преку последователна анализа на таа слика, научниците успеаја да откријат како се движат честичките во вртлогот, што дополнително покажа како тие се формираат и растат.

ШТО Е ЃАВОЛСКА ПРАШИНА?

Таканаречената ѓаволска прашина се формира кога ќелиите на топол воздух, кои се движат нагоре, се мешаат со столбови постуден воздух што се спуштаат. Нивниот изглед е забележан и на Земјата, особено на места кои се екстремно суви и правливи – како пустини.

Тие се обично широки меѓу три и 91 метар и високи помеѓу 152 и 305 мтри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП