4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛетаат откази во Бундеслигата

Летаат откази во Бундеслигата

wiesinger-nuernberg

Трет тим  во Бундеслигата го смени тренерот по одигрувањето на само осум натпревари од сезоната.

Нирнберг се раздели со тренерот Михаел Визингер, откако тимот не победи на ниту еден од натпреварите досега. Тимот е на 16-то место на табелата и заедно со Фрајбург се единствените без победа.

„Одлуката беше тешка, но е во интерес на Нирнберг и требаше да го земениме“, изјави спортскиот директор Мартин Бадер.

Капката на трпението се прелеа при поразот на домашен терен со 0:5 од друг тим кој исто така е во криза – Хамбургер.

„За жал елиминацијата од Купот на Германија и петте бода од осум натпревар не принудија да ја донесеме оваа одлука”, додаде Бадер.

Визингер го презеде тимот во декември, по отпуштањето на Дитер Хекинг и успеа да го доведе клубот до 10 -то место во конечниот пласман.

Засега тимот ќе го презема младиот стратег Роџер Принзен до наоѓањето на новиот тренер.

Визингер е трет отпуштен тренер од почетокот на сезоната во Германија, по Бруно Лабадија од Штутгарт и Торстен Финк од Хамбургер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП