Петар Заборски од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на третата позиција на исклучително силниот турнир од Светската Карате 1 серија во Ларнака. Претставникот на скопската екипа, кој пред една недела освои бронза и на Балканскиот шампионат во Тирана, на собирот од премиер-лигата се закити со одличје во категоријата до 75 килограми. Во борбата за трето место тој го победи Вилијам Диантете од Белгија со 3-2.
Вториот член на „Макпетрол“ кој се бореше за бронзен медал, Стефан Стојановиќ, беше поразен од Махди Ашури од Иран со 1-5. Младиот македонски каратист од неодамна се натпреварува во сениорска конкуренција иако е јуниор (У21). Стојановиќ од Ларнака замина со освоено петто место.


