2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската...

Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига

Петар Заборски и Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронзени медали на Светската карате премиер-лига, А Серија во Ларнака, Кипар. Двоецот на скопскиот клуб прикажа добри борби на досегашните натпреварувања. Заборски пред една недела освои бронзен медал на Балканското првенство во Тирана.

Во елиминацискиот дел од борбите Заборски извојува три последователни победи и еден пораз, а во репасажот славеше против претстaвникот на Грузија со прв освоен поен, бидејќи борбата заврши 1-1. Во соочувањето за бронзениот медал, тој силите ќе ги одмери со Вилијам Дијантете од Белгија.

Стефан Стојановиќ, исто така, забележа три победи и пораз, а преку репасаж стигна до борба за третата позиција. Во репасажот славеше против Богдан Трикос од Србија со 1-0, а за бронзата ќе се бори со Махди Ашури (Иран).

Соочувањата за бронзените медали ќе се одвиваат утре (недела, 1 октомври).

Првиот ден високи пласмани остварија и каратистите на „Макпетрол“, Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ. Мојсовска освои седмо место, а Божовиќ доби шанса во репасажот, но неговата борбата заврши во корист на претставникот на Колумбија. При резултат 2-2, Божовиќ загуби затоа што противникот прв освои поен и членот на „Макпетрол“ се пласира на деветтата позиција.

Денеска на турнирот во Кипар настапуваат Симона Заборска (-55 кг.) и Давид Петков (-67 кг.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП