Марк Вилијамс, британски астролог, тврди дека оваа есен ќе им донесе вистинска финансиска благосостојба на некои хороскопски знаци.
Некои од нив ќе добијат пари како награда за вложениот труд, кој конечно ќе се исплати, а некои ќе добијат пари преку отворање сопствен бизнис.
Аспекти за добри финансии во наредните месеци особено имаат овие три знаци од Зодијакот.
Стрелец
Стрелците имаат можност да добијат зголемување на платата. Некои ќе добијат можност и за работа со скратено работно време, што ќе ги подобри нивните финансии.
Одредени претставници на овој хороскопски знак, со кој владее Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, имаат можност да водат бизнис со странски земји, што може да им обезбеди сериозен прилив на пари.
Јарец
За Јарците ова е една од најдобрите транзиции оваа година. Ги имаат сите шанси да напредуваат во кариерата, а тоа ќе им донесе подобрување на финансиите. Доколку конкурираат за водечки позиции во тимот ќе ги остварат своите амбиции, а тоа ќе им донесе дополнителни пари преку плата.
Оваа есен, особено во октомври, особено ќе биде ценет и награден трудот на децата на Сатурн, кои се упорни и вредни работници. Јарците ги очекува добар период и многу радости во животот.
Водолија
И покрај тоа што не спаѓаат во хороскопските знаци кои се материјалистички и кои знаат да штедат, водолиите оваа есен ги очекува вистинска материјална благосостојба.
Им се отвораат можности да завршат некои одамна започнати проекти кои ќе им донесат материјално задоволство, а доколку размислуваат да започнат сопствен приватен бизнис, вистински момент е за такво нешто, бидејќи се што ќе започнат во октомври ќе им донесе голема финансиска добивка.
Овој знак на Зодијакот може слободно да се впушти во разни деловни ризици, бидејќи среќата е на негова страна.