26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која ќе ја зголеми вашата енергија

Храна која ќе ја зголеми вашата енергија

foodenergy1

Во зимскиот период кој набрзо ќе пристигне, нивото на енергијата се намалува, додека чувството на замор расте и луѓето се чувствуваат постојано уморни. За да бидете енергични во текот на денот, потребно е да се храните правилно, да минувате доволно време на свеж воздух и да имате добар сон.

Овие намирници ќе ви помогнат успешно да го ревитализирате организмот во текот на студените денови.

1. Бадеми

Освен што се богати со есенцијални омега 3 и омега 6 масни киселини, тие се важни за менталното здравје, бидејќи го зајакнуваат природниот имунитет и го намалуваат крвниот притисок. Бадемите се богати со витамин Е, кој е многу ефикасен во превенцијата од инфекции.

2. Зелен чај

Тој е моќен антиоксиданс и токму затоа треба секојдневно да биде дел од исхраната. Потекнува од Кина, а се употребува повеќе од 5000 години. Според досегашните истражувања, зелениот чај ја спречува појавата на рак, штити од срцеви заболувања, го подобрува имунитетот и го подобрува денталното здравје.

3. Банани

Богати се со калиум и електролити што помагаат во одржување на нормалната функција на нервните и мускулните функции. Нивото на калиум може да се намали за време на стрес и интензивно вежбање.

4. Јајца

Претставуваат богат извор на протеини, но изобилуваат со витаминот Б, кој ја претвора храната во енергија.

5. Интегрален ориз

Недостатокот на магнезиум во организмот предизвикува чувство на умор, а кафеавиот ориз е богат со магнезиум како и со сложени јаглени хидрати.

6. Костени

Освен што се богати со влакна, витамин Ц и фолна киселина, костените се нискокалорични намирници што содржат состојки кои се многу важни за имунитетот.

7. Чоколада

Темната чоколада содржи големо количество на какао, а токму какаото е богато со антиоксиданси. Ова слатко уживање ја зголемува енергијата во организмот, но пожелно е да се консумира на умерен начин. Чоколадото содржи калории, шеќер, маснотии и кофеин.

8. Ореви

Богати се со мелатонин, хормон кој нашето тело го излачува во текот на ноќта, помага полесно да заспиеме и го регулира нашиот биоритам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП