1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНеверојатен лет на сондата Паркер: Коронална експлозија за прв пат снимена одблизу(ВИДЕО)

Неверојатен лет на сондата Паркер: Коронална експлозија за прв пат снимена одблизу(ВИДЕО)

Сончевата сонда помина низ плазмата на 5 септември 2022 година, но научниците дури сега ги објавија податоците и анализите.

Соларната сонда Паркер на НАСА стана првото вселенско летало кое поминало низ коронална експлозија и успешно го сними целиот настан, пишува LiveScience.

Леталото помина низ масивна сончева ерупција на 5 септември 2022 година, успеа да ја пробие плазмата на другата страна, а резултатите забележани тогаш сега се проучувани и објавени во The Astrophysical Journal.

-Ова е најблиската студија за коронална изложеност до сега. Никогаш не сме виделе настан од оваа магнитуда од толку блиску – рече во изјавата Нур Рауафи, научник од лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд и научник од проектот „Сларна сонда Паркер“.

Короналните експлозии се ерупции кои патуваат со неколку милиони километри на час и собираат честички од сончевиот ветер за да формираат бран.

Соларната сонда Паркер беше лансирана кон Сонцето во август 2018 година. Заштитена е од топлина и радијација, па можеше да лета на растојание од 9,2 милиони километри од Сонцето кога ја набљудуваше короналната експлозија.

Подоброто разбирање на короналните експлозии е важно за заштита на нашата планета од геомагнетни бури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП