Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 66. место на најновата ранг листа на ФИФА и бележи напредок од две позиции во однос на претходното рангирање.
Ова поради добрите резултати во септемврискиот квалификациски циклус, ремито (1:1) против Италија на домашен терен и победата (0:2) на гости против Малта во квалификациите за ЕВРО 2024.

