1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕФЕКТОТ НА КОФЕИНОТ ВРЗ ТЕЛОТО: Дали знаете што се случува во нашето...

ЕФЕКТОТ НА КОФЕИНОТ ВРЗ ТЕЛОТО: Дали знаете што се случува во нашето тело ако престанеме да го консумираме?

Кога велиме кафе, која асоцијација прво ни паѓа на памет?

Црно, силно со малку шеќер – незаменлив утрински и попладневен ритуал кој моментално ја зголемува енергијата и ве буди. Меѓутоа, доколку поради некоја причина сакате или треба да го намалите внесот на кофеин и да престанете да пиете кафе или енергетски пијалоци, спроведете ја оваа одлука постепено, бидејќи во спротивно телото може да ги „трпи“ последиците.

Сигурни сме дека речиси секој човек во вашето опкружување конзумира кофеин, често и неколку пати на ден, а кафето доминира како главен извор на овој стимуланс. Меѓутоа, ако поради некоја причина сте решиле да престанете да пиете кафе, вашата одлука може да влијае на вашето здравје.

Со други зборови, ако драстично го исклучите кофеинот, може да ги почувствувате негативните ефекти, кои, додуша, ќе траат неколку дена, а еве ги:

Главоболки

Кофеинот е меч со две острици кога станува збор за главоболки – не само што потрошувачката на кофеин е поврзана со почести главоболки, туку и одземањето на кофеин може да предизвика главоболки. За работите да бидат уште покомплицирани, кофеинот може да се користи и за лекување на главоболки.

Редовното консумирање кафе со кофеин може да предизвика стеснување на крвните садови што доведува до намалување на протокот на крв. Кога ќе престанете да пиете кафе, крвните садови се враќаат во нивната нормална големина и може привремено да предизвикаат главоболки. Кога се обидувате да ја ублажите главоболката од повлекување на кофеинот, само внимавајте да избегнувате лекови против главоболка кои содржат кофеин, пишува Eating Well.

Губење на тежина

Можеби не очекувавте, но ако престанете да консумирате кофеин, можете да изгубите тежина. Студијата од 2021 година, објавена во журналот на Американското медицинско здружение, ја поврза потрошувачката на диетални газирани сокови (пијалоци кои содржат кофеин) со зголемена желба за храна кај дебелите поединци, што може да доведе до несакано зголемување на внесот на калории. Сепак, прекинувањето на потрошувачката на кофеин може да придонесе за губење на тежината.

Запек

Кафето може да го стимулира дигестивниот систем, а истражувачите веруваат дека ова најверојатно се должи на начинот на кој кофеинот комуницира со микробите што живеат во нашите црева. Тоа значи дека прекинот на консумацијата на кофеин може да значи и мали неправилности во празнењето на цревата. Се препорачува да го замените кофеинот со вода и да консумирате многу растителна храна богата со растителни влакна како овошје, зеленчук, јаткасти плодови и цели зрна.

Летаргија

Кофеинот е стимуланс, па веројатно е дека ќе доживеете благ пад на енергијата барем неколку дена кога првпат ќе престанете да пиете кафе или газиран пијалок. Неколку несакани ефекти од повлекувањето на кофеинот вклучуваат намалена будност и активност, поспаност. Затоа се препорачува да се подготвите за овој радикален чекор – намалете го внесот на кофеин малку по малку и на тој начин намалете ги шансите да ги доживеете овие непријатни ефекти.

Што е кофеин?

Кофеинот се добива од зрна кафе, листови од чај и зрна какао. Се додава во вештачките пијалоци и е еден од природните психостимуланти, супстанции кои влијаат на централниот нервен систем. Најчесто го консумираме преку кафе, чај, газирани пијалоци. Постојат бројни студии кои ја истражувале оваа супстанца и треба да се внимава со нејзината потрошувачка. Се препорачува, во однос на консумирањето кафе или други пијалоци кои содржат кофеин, да разговарате за количината со вашиот избран лекар.

Пиењето шест или повеќе шолји кафе дневно може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања до 22 проценти, сугерира студијата објавена во март 2019 година во американскиот весник за клиничка исхрана. Прекумерното консумирање кофеин може да предизвика висок крвен притисок. Сепак, постојат и студии кои сугерираат дека кофеинот игра важна улога во намалувањето на ризикот од Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП