27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„WhatsApp“ добива претплата?

„WhatsApp“ добива претплата?

Во „Meta“ со години се обидуваат да заработат од популарноста на нивната комуникациска платформа „WhatsApp“, за која пред девет години платија дури 19 милиони долари.

Бројот на корисници на „WhatsApp“ постојано се зголемува и надмина две милијарди, а „Meta“ сака да најде начин да одржи толку голем раст на корисници, но и да се обиде да заработи што повеќе пари од нив.

Одвреме-навреме во јавноста се шират гласини дека компанијата на Цукерберг би можела да стави поголем акцент на рекламите, а истите гласини неодамна повторно почнаа да кружат на интернет по напис објавен во „Financial Times“. Во написот се наведува дека некои тимови во „Meta“ разговарале за поставување реклами во списокот за разговор со контакти на главната страница на „WhatsApp“. Во написот се споменува дека конечната одлука за рекламите не е донесена, а се споменува и можноста за воведување претплата на „WhatsApp“ со која би се избегнало прикажување на реклами.

Да потсетиме, компанијата пред неколку години размислуваше да стави реклами во статус на „WhatsApp“, но тие се откажаа од таа одлука. Штом таквите информации се појавија на интернет, тоа наиде на големи критики од корисниците кои, очигледно, не сакаат рекламите да им го расипат искуството со користење на платформата.

Што се однесува до рекламите меѓу разговорите кои ги објави „Financial Times“, се чини дека од тоа нема да има ништо, барем засега. Имено, на тој напис реагираа од самата „Meta“, нагласувајќи дека не само што не започнале со никаков развој и тестирање на таа опција, туку и дека не планираат да го спроведат споменатиот начин на прикажување реклами во разговорите.

Меѓутоа, прашање е дали во тој случај може да се употреби познатата поговорка „каде има чад има и оган“, бидејќи аналитичарите сметаат дека е само прашање на време кога „Meta“ ќе се одлучи за посериозен обид за воведување реклами во „WhatsApp“. На примерот на нивните други мрежи како „Facebook“ и „Instagram“, можеме да ги видиме различните начини на кои „Meta“ монетизираше милијарди корисници на тие платформи и нема сомнеж дека темата за монетизација на „WhatsApp“ често е на дневен ред.

Во моментов тие генерираат приход од „WhatsApp“ преку „WhatsApp Business“, опција наменета за деловните корисници кои им плаќаат за одредени услуги, па таа опција веќе има околу 200 милиони месечни корисници. Исто така, еден од плановите со кои имаат намера да ги зголемат приходите е опцијата за персонализирани пораки за деловните корисници, како и интегрирање на опцијата за плаќање за некои пазари каде што ќе може да им се плаќа на трговците директно од „WhatsApp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП