8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем ќе се обиде да го привлече Пирло

Тотенхем ќе се обиде да го привлече Пирло

Andrea

Англискиот фудбалски клуб Тотенхем ќе се обиде во своите редови да го доведе играчот од средниот ред на Јувентус и на италијанскиот национален тим, Андреа Пирло.

Ова го соопшти поранешниот фудбалер Џанлука Виали, кој во моментов е коментатор на телевизија „Скај спорт“ на Апенините.

Според него, Тотенхем е главен кандидат за потписот на фудбалерот на Јувентус, но понуди може да има и од други англиски клубови, како и од екипи од шпанското првенство.

Виали тврди дека раководството на Тотенхем подготвувало понуда за Пирло уште во текот на летото, но сега интересот бил поголем.

Халфот најверојатно ќе биде слободен агент следното лето, а тоа е причината поради која се пројави големиот интерес на Тотенхем кон него.

Поранешниот репрезентативец на Италија, Виали оваа вест ја објави за време на студиото на „Скај спорт“ по натпреварот помеѓу Јувентус и Милан, кој шампионот го доби со 3:2.

„Слушнав гласини дека Тотенхем и Пирло веќе преговараат и тој може да стане фудбалер на Тотенхем во следната сезона”, рече Виали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП