6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСериозно му штети на здравјето: Ова е најлошата храна за нашите бубрези

Сериозно му штети на здравјето: Ова е најлошата храна за нашите бубрези

Бубрезите се познати како органи кои се одговорни за „чистење“ на телото, па затоа нивното зачувување е многу важно за целокупната здравствена состојба.

Исхраната е еден од клучните фактори, нејзиното влијание врз здравјето е неверојатно, а понекогаш не сме ни свесни колку.

Меѓутоа, често додека сме здрави не внимаваме и токму со изборот на лоша храна создаваме проблем на долг рок.

Според диететичарите, постојат одредени намирници кои сериозно му штетат на здравјето на нашите бубрези, па затоа треба да ги избегнуваме или барем да ја намалиме нивната консумација на минимум. Еве за која храна станува збор:

-преработено месо
-брза храна
-солени грицки
-авокадо
-конзервирана храна
-кафеав ориз
-бел леб
-банани
-газирани пијалоци.

Доколку имаме заболени бубрези или сме склони кон уринарни проблеми, важно е да посветиме посебно внимание на внесот на натриум, калиум и фосфор, пренесува Healthline. Доколку претераме со овие намирници и дојде до откажување на бубрезите, последиците би можеле да бидат опасни по живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП