Германија по првпат во својата историја станаа светски шампиони во кошарка, откако по финлето во Манила, со далеку подобра игра во второто полувреме со 83:77 (23:26, 24:21, 22:10, 12:20) ја совладаа Србија, која одеше на прва титула како самостојна држава по победата во 2002 година како СР Југославија.
Двете репрезентации беа помалку изненадувачки финалисти – Германците во полуфиналето ја „шутнаа“ репрезентацијата на САД, додека Србите беа подобри од Канада, и во првото полувреме се играше доста ефикасно и израмнето на двете страни. Меѓутоа, во третата четвртина, Србите постигнаа само 10 поени, а Германија се одлепи на 12 поени разлика, кои потоа беа тешко да се надополнат.

