Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Чешка со 3:0 во сетови во петтото коло од групната фаза на Европското првенство чиј ко-домаќин е и нашата земја. Во СЦ „Борис Трајковски“, Чесите беа подобри и успеаја да го комплетираат мечот во три сета. Ова значи дека Македонија во осминафиналето ќе го предизвика актуелниот шампион Италија, на гостински терен во Бари.
Капитенот Никола Ѓоргиев се врати во тимот по повредата на грбот поради која го пропушти претходниот меч со Холандија.

