27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБритански научници создадоа гориво за долг живот во вселената: Дали може да...

Британски научници создадоа гориво за долг живот во вселената: Дали може да се користи на Земјата?

Британските научници тврдат дека развиле извор на енергија кој би можел да им овозможи на астронаутите да живеат на Месечината долго време. Универзитетот Бангор дизајнираше нуклеарни ќелии, со големина на семе од афион, кои можат да ја произведат потребната енергија за одржување на животот.

Експертот за нуклеарни материјали и горива Сајмон Мидлбург од Универзитетот Бангор вели дека работата на овој проект била голем предизвик, но и забавна. Тој додаде дека целосно ќе тестираат нуклеарно гориво во следните неколку месеци.

Месечината содржи многу од вредните ресурси потребни за модерната технологија, а многумина ја гледаат како потенцијална база од која може да се лансира на други планети во иднина. Во некои нејзини делови температурите паѓаат до неверојатни минус 248 степени Целзиусови бидејќи нема атмосфера за зачувување на топлината.

Универзитетот Бангор е главен играч во потрагата по модел за производство на енергија и топлина за одржување на животот на Месечината или на друга планета во Сончевиот систем. Научниците штотуку испратија мала нуклеарна горивна ќелија, позната како Trisofuel, на своите партнери за тестирање.

Може да се користи за напојување на микро-нуклеарен генератор, изграден од партнерот на универзитетот, Ролс-Ројс. „Генераторот е пренослив уред, со големина на мал автомобил. Може да се стави на ракета и да се лансира во вселената“, рекол Мидлбург, а пренесува Би-би-си.

Универзитетот наведува дека овие микрогенератори би можеле да се користат и на Земјата, на пример во зони на катастрофа кога има прекин на струја.

Геополитичарот и новинар Тим Маршал рече дека напредокот во развојот на гориво е чекор кон глобална трка до јужниот пол на Месечината.

“Уверен сум дека во 2030-тите ќе има база на Месечината. Веројатно еден Кинез и еден Американец. Се верува дека има титаниум, литиум, силициум, железо и многу други минерали кои се користат во многу нови технологии.” рече Маршал.

„Не се знае точно колку, но повеќето компании се убедени дека тоа е економски исплатлива сума“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП