Холандија беше апсолутно супериорна и ја победи Македонија со 3:0 (25:19, 25:19, 25:16) во четвртото коло на Европското првенство во Скопје, покажувајќи дека се една од репрезентациите кои ќе одат на злато на континенталниот шампионат.
Предводени од капитенот Нимир Абдел-Азиз, Холанѓаните беа супериорни на блок, и лесно освојуваа поени за да голема победа. На почетокот на првиот сет, македонските одбојкари беа израмнети и имаа 10:9 предност, пред Холандија да направи пресврт и да поведе со три поени разлика (14:11) и лесно да поведе со 1:0.

