8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМата ќе стане „светец“?

Мата ќе стане „светец“?

mataa

Англиските медиуми јавуваат дека клубот од главниот град на Франција подготвил сериозна понуда за Хуан Мата.

Еден од најдобрите поединци во дресот на Челзи за минатата сезона, Хуан Мата е предмет на многу трансфер шпекулации.

Најновата од нив тврди дека за одличниот Шпанец е заинтересиран тимот на ПСЖ.

„Светците“ најверојатно подготвуваат 35 милиони за во јануари, за да го доведат Мата на „Паркот на принцовите“.

Иако, Мурињо донекаде го промени својот однос кон Мата, кого не го користеше во првиот тим на стартот на сезоната, сега се шпекулира дека Шпанецот во текот на зимата би можел да ја промени средината.

Сепак, од Островот пристигнуваат спротивни информации, пред се од самиот играч, кој најверојатно не е незадоволен и сака нови предизвици и трофеи со својот сегашен клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП