3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБројни поволности од НЛБ Банка за кредитите за физички лица во следниве...

Бројни поволности од НЛБ Банка за кредитите за физички лица во следниве два месеци

Почетокот на школската година носи радост и еуфорија кај учениците,  но истовремено е и период кога повеќето од нас размислуваат за некаква промена. Дали е тоа нов автомобил, реновирање на станот, купување нов стан, или пак патување на омилената дестинација, сите имаме различни желби, приоритети и очекувања.

Затоа НЛБ Банка креираше впечатлива понуда за сите потенцијалните баратели на кредити, олеснувајќи им го кредитниот процес и овозможувајќи поголема достапност на сите кредити.

Во период од 1 септември до 31 октомври сите кои ќе аплицираат во НЛБ Банка за станбен, потрошувачки, хипотекарен или автомобилски кредит добиваат единствена можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на недвижност за кредитите со обезбедување на недвижен имот. Постапката за одобрување е брза и едноставна.

Потрошувачките кредити во НЛБ Банка се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација, со една посета на експозитура или пак со само неколку клика во апликацијата за мобилно банкарство за целосно автоматизираниот мобилен кредит, во износ до 10.000 евра.

За станбените кредити, Банката нуди до 10 години фиксна каматна стапка, како и можност за бескаматен кредит за опремување на домаќинството, во соработка со Нептун Македонија. Воедно,  на клиентите на располагање им е и широката понуда на градежни компании – сораборници со кои се обезбедени поповолни услови за кредитирање.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП