2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск најави аудио и видео повици на мрежата X

Маск најави аудио и видео повици на мрежата X

Корисниците на мрежата Х, поранешна Твитер, наскоро ќе можат да обавуваат аудио и видео повици на интернет, објави нејзиниот сопственик и милијардер Илон Маск.

„Функцијата ќе биде достапна за корисниците на паметни телефони со Android и iPhone, а ќе биде достапна и на компјутери. Платформата X ќе биде како голем телефонски именик“, напиша Маск.

Оваа најава, според француската новинска агенција АФП, следи по најавата на Маск дека X ќе стане се-во-едно апликација.

Овие се особено популарни во Кина, каде што, на пример, корисниците ја користат апликацијата WeChat и за разговор и за парични трансакции.

Со воведувањето на видео и аудио повици, Маск ќе влезе на пазар каде конкуренцијата е веќе голема. Меѓу другите, оваа функција ја нудат апликациите Whatsapp, Facebook Messenger, а ја нуди и Apple на своите уреди преку услугата Facetime.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП