Најавено е дека „iPhone 15“, „iPhone 15 Plus“, „iPhone 15 Pro“ и „iPhone 15 Pro Max“ (кој може да се вика и „iPhone 15 Ultra“) ќе бидат претставени на 12-ти септември, а настанот ќе се пренесува во живо онлајн.
За овој настан „Apple“ го избра слоганот „Wonderlust“, кој е игра со зборови за „wanderlust“, што значи силна желба за патување. Во случајот на „Apple“, тоа може да укаже на посилна желба да се импресионира корисникот.
Сите четири нови модели на „iPhone“ се очекува да имаат „USB-C“ порти, благодарение на неодамнешниот задолжителен закон на Европската унија. Исто така, гласините споменуваат дека „iPhone 15 Pro Max / Ultra“ ќе биде првиот уред на „Apple“ што ќе пристигне со перископска камера.
И двата модели „Pro“ треба да имаат титаниумски рамки наместо нерѓосувачки челик. Комплетната серија ќе го замени копчето за исклучување на звукот со ново програмабилно копче за акција. Сега сите модели треба да имаат и „Dynamic Island“.
За време на настанот, ќе можеме да ги видиме и паметните часовници „Apple Watch Series 9“ и „Apple Watch Ultra 2“.